Не ги обвинувајте сликарите

Ако мислите дека цените на уметничките дела на сликарите се луди, не ги обвинувајте уметниците, не ги обвинувајте музеите или љубителите на уметноста… обвинувајте ги богатите колекционери, кои ги кријат делата од кога ќе ги купат, знаејќи дека нивната цена во иднина ќе порасне и дека ќе се појават уште побогати купувачи кои тоа го прават заради нивниот општествен статус или како инвестиција.

Охрид,охриѓаните,охриѓањките и охридската завист

Во Охрид е благословено да се живее единствено поради езерото.

Луѓето во Охрид се гостопримливи домаќини но самите за нив се катиљи и многу поседуваат една воопшто неубава особина а тоа е зависта.

Јас сум охриѓанец и не се срамам од тоа,но од моето животно искуство мојот заклучок е темелен на искуството,причини,показатели,дејствија и обзервација.

Во Охрид постои едно непишано правило а тоа е зошто да ги оставам парите кај него/неа/нив и да ги богатам.

Е па драги охриѓанки и охриѓани

Вие повејќе неморате кај никого да ги оставате вашите пари и да ги богатите поединци кои после ќе ги гледате со многу злонамерна завист.

Оставајте ги вашите ценети пари во други градови и богатете непознати лица кои нема да направат ништо за вас.

Подобро е да бегате од цената а не од квалитетот.

Или квалитетот се памети долго откако ќе се заборави цената.( Aldo Gucci)